Концерт на Filch во Виница

August 22, 2018

Schedule

Date:
Time:

Venue:

Vinica, Macedonia (FYROM)

FILCH доаѓа во Виница!

Filch се појави неодамна. Никој не знае кој е, од каде потекнува и каде оди. Тој едноставно не сака да зборува. Ужива во гледањето на месечината и музиката. Всушност, неговото битие е дефинирано со музика. Без неa, тој може да има сериозни тешкотии да го разбере неговото постоење.

Филч секогаш, доаѓа и си оди незабележано, дури и најпрецизните набљудувачи не можат да бидат сведоци на моментот на неговото влегување или напуштање. Единствено за што можеме да бидеме сигурни е дека Филч ќе биде тука само кога ќе видите пет момци, чија заедничка желба е да креирате музика, каде што звукот може да ги наслика најдлабоките емоции и животни искуства. Само тие ја имаат вистинската приказна зад Филч, а се раскажува со спојување на нивните инструменти: Бранко Сапламаев – клавијатури, Дарко Стојоски – гитара, Златко Андриевски – гитара, Теодор Бошков – бас, Гишо Динев – тапани

Станува збор за група музичари, кои долго време свират заедно, а во последните две години произведуваат оригинална музика во оваа формација.

А кој е Filch?
Дезориентиран но свесен, одвратен но секси, Filch ќе ве води низ секојдневната машинерија наречена живот. Нема потреба од зборови, нема потреба од ирационално возбудени сетила. Ви се допаѓало или не, сите сме Filch.
Filch ве сака. Сите ве сака. Па, можеби и не баш сите.