Синестетика #1

May 27, 2018

Schedule

Date:
Time:

Segments:

  • „Шамак“ (над Козле, подножје на Водно)

Venue:

41.99278616, 21.39204245

На 27ми мај, со почеток во 12.00 на пладне на ледината „Шамак“ (над Козле, подножје на Водно), ќе се одржи првиот фестивал „Синестетика“. Во склоп на програмата ќе учествуваат повеќе авторски бендови, ликовни уметници, филмаџии и ракотворци. Фестивалот ќе започне во 12ч на пладне, а ќе трае додека трае.

Музичка програма:
13:00 – класично отварање: V616
14:00 – треш дигресија: Conspiracy
15:00 – разумна фузија: Zulu 3.4
16:00 – прогресирање: Amber Virga
17:00 – раскажување: Filch
18:00 – алтернатива: Cóntact 59
19:00 – синкретички залез: Minstrel’s Gallery
20:00 – кумановско помрачување: DRIOMA
21:00 – пекмезење: oтворен Јam session

По завршувањето на музичката програма, следува прикажување на кратки филмови од наши млади режисери: Anastasija TochevskaStojkov BorjanBruno VeljanovskiЛидија МојсоMiroslav IlićTamara Kotevska,Tanja SimonovskaTrifun SitnikovskiFilip LafazanovskiNikola Popovski.

Од отварањето на фестивалот, па до самиот крај, на околните дрвја ќе бидат изложени ликовни и литературни дела од повеќе локални автори (слики, фотографии, графики, поеми, кратки раскази…).
Доколку има некој кој на денот на настанот одлучи дека сака да се вклучи, добредојден е да донесе свое дело и да го изложи.

Vaklinski Teodora ќе организира pop up shop на кој ќе учествуваат повеќе ракотворци: Pocket GalleryElena StavreskaBlack Bird HandmadeVanja ShtrkovaПлетЕлицаJust Because. Art & Design StudioMario Maneski,Elena DolencAngela CuckovaPontes65Rabendā.

Ќе пиеме на шанкот на Old School Cafe, органско кафе од Coffee Bike, скара ќе врти кафаната Лавче кај ЖУТИ, а за веганската публика тука е Ana Симова.

Ледината се наоѓа над населбата Козле, погоре од улицата Ловкенска 4. Патеката ќе биде обележана со знаци на кривините, а неколку дена пред настанот ќе објавиме мапа и кратко видео со насоката од Козле до горе.

Добредојдени сте да си носите шатори, вреќи и кебиња, па следното утро ние ќе ве испратиме со турско кафе.

Програмата ќе биде надополнувана во деновите што следуваат.

ПС – Датумот може да варира во зависност од временските услови.

Се гледаме на Шамак!

Дознај повеќе